Ѓуроски почна со подготовки со Аликанте

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се приклучи на подготовките на својот нов клуб, шпанскиот второлигаш Аликанте.

Крилниот кошаркар по едногодишната авантура во Франција реши да се врати назад во шпанското првенство, каде Аликанте ќе биде негов трет клуб во втората лига на оваа земја, по Мелилја и Хуеска.

Ѓуроски викендов пристигна во Шпанија, а по успешните медицински прегледи и негативниот тест на Covid-19 тој му се стави на располагање на стручниот штаб. Иако пристигнува меѓу последните (подготовките на Аликанте стартуваа пред десетина дена), се очекува Ѓуроски да биде максимално подготвен за стартот на новата сезона, закажан за средината на месец октомври.

Се вчитува...