Ѓуроски се сели во Шпанија

Кошаркарскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски си заминува од македонскиот шампионат и кариерата ја продолжува во Шпанија. Второлигашот од оваа земја, Хуеска, ќе биде нов клуб на крилниот кошаркар, кој ќе има можност да се наметне и во оваа силна кошаркарска земја, зошто да не во иднина и да обезбеди трансфер во елитното друштво.

Токму интернационалниот предизвик е главната причина поради која Ѓуроски одби неколку македонски клубови и реши повторно среќата да си ја побара во странство.

Ѓуроски при школувањето беше дел од НЦАА-лигата, а потоа имаше авантура во бугарскиот прволигаш Левски, по што во Македонија го носеше дресот на Кожув, кратко време Работнички и Карпош соколи, еднаш стана и шампион со МЗТ Скопје. Поголемиот дел од ланската сезона ја мина во Блокотехна, каде играше во одлична форма и му помогна на дебитантот од Гевгелија да стигне до третото место во домашното првенство и до Ф4 турнирот во БИБЛ-лигата.

Се вчитува...