Ѓуроски тргна триумфално со Аликанте

Стојан Ѓуроски успешно ја стартуваше сезоната во втората шпанска лига откако во првото коло славеше со Аликанте на гостувањето против Џирона со резултат 77-83.

Двата тима водеа израмнета битка во текот на 40-те минути, но Ѓуроски и соиграчите беа на висина на задачата кога се решаваше победникот и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Македонскиот репрезентативец не беше расположен за шут од далечина (0/4 за тројка), но сепак реализираше солидни осум поени (3/4 за два, 2/2 за еден поен), надополнети со два скока и две асистенции.

Се вчитува...