Густавсон: Лазаров нека ми даде 30 гола, само ние да победиме

mec baner

Голманот Бјоргвин Пал Густавсон многу добро знае од каде ќе доаѓа главната опасност по неговиот гол. Опишувајќи го Кире Лазаров како „играч што и премногу шутира“, тој истакна дека не би му пречело доколку македонскиот капитен му даде и 30 погодоци, се додека исландскиот колектив на крајот триумфира и се пласира во осминафиналето.

Тој секогаш ја зема топката со намера да шутне, дури и премногу често ако мене ме прашувате. Знам дека често ќе шутира и дека ќе даде многу голови, но тоа не ме загрижува премногу. Кире Лазаров нека ми даде и 30 гола, ако ние одиграме добро на колективен план и победиме на крајот. Секако, Македонија не е само Лазаров, тука е и пивотот Стоилов, кој делува како да има 200 килограми и соработува беспрекорно со бековите. Задачата да ги запреме ќе биде тешка, но ние се подготвени“ – изјави Густавсон, кој на овој шампионат има вкупно 38 интервенции на досегашните четири средби, со 34% успешност.

Главен предизвик за одбраната на Исланд ќе биде да најде лек за нападот „седум на шест“ на кој инсистира Лино Червар со исландската репрезентација.

Тоа е сосема нов проект со кој се менува рракометот. Гледавме дека Македонците многу често ја користат оваа тактика, мислам дека најважно ќе биде да бидеме трпеливи и да играме интелигентно, фокусирани во одбраната да ја чекаме нивната грешка и потоа да ја искористиме“ – порача Густавсон.

Се вчитува...