Лара Гут Бехрами продолжива да доминира во брзинските дисциплини во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање. По вчерашната победа таа денеска беше најдобра и на вториот спуст во италијанскиот ски центар.
Швајцарката до победата стигна со време од 1:25.53 минута, што беше за 32 стотинки подобро од сонародничката Корине Сутер. Подиумот го надополни Кира Видле со 68 стотинки зад времето на победничката.
Филип Зубчиќ беше најдобар на велеслаломот кој се возеше во бугарскиот ски-центар, Банско. Хрватот до победата стигна со вкупно време од 2:20.62 минути, што беше за 40 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Французин, Матје Фавр. Подиумот го дополни Штефан Брајнштајнер од Австрија со задоцнување од 93 стотинки зад победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА