Гвардиол има скршеница, „виси“ и настапот на СП 2026

Манчестер Сити со примен гол во финишот остана без победа против Челси, но уште поголем проблем од загубените два бода за Пеп Гвардиола е повредата што ја заработи Јошко Гвардиол.

Хрватот остана да лежи по еден дуел на стартот од второто полувреме, веднаш беше очигледно дека проблемот не е наивен, а Сити вечерва преку клупско соопштение ја објави лошата вест – Гвардиол има скршеница на ногата.

„Можеме да потврдиме дека Гвардиол има скршеница на тибијата на десната нога. Тој ќе мора да замине на операција, сите му посакуваме што побрзо враќање на терените“, објави трофејниот англиски клуб.

Повеќе детали околу паузата се очекуваат по хируршкиот зафат, но прогнозите велат дека хрватскиот ас ќе паузира најмалку четири месеци од терените. Според поцрните сценарија, паузата би можела да изнесува и повеќе од половина година, а доколку тоа се случи Гвардиол нема да може да настапи за Хрватска на претстојниот мундијал.

Се вчитува...