Гвардиол успешно опериран во Лондон, но, доби лоши вести од докторскиот тим

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол беше успешно опериран по тешката повреда која ја заработи на натпреварот на Манчестер Сити со Челси.

Гвардиол ја започна 2026 година на најлош можен начин бидејќи заработи сериозна повреда на дербито меѓу Сити и Челзи, а уште тогаш беше јасно дека Хрватот го очекува долга пауза.

Деталните прегледи покажаа дека Гвардиол ја има една од најсериозните повреди што може да ги претрпи еден фудбалер бидејќи закрепнувањето трае многу долго. Откако Гвардиол се повреди, само едно нешто му беше на ум, а тоа беше да се опорави пред почетокот на Светското првенство, на кое хрватската репрезентација ќе учествува ова лето.

Гвардиол веднаш по повредата проговори и рече дека ќе се потруди да биде подготвен за Светското првенство и да му биде на располагање на селекторот Златко Далиќ.

Дефанзивецот на Манчестер Сити беше подложен на успешна операција во Лондон, но информациите што ги доби од медицинскиот тим воопшто не се ветувачки. На почетокот се очекуваше дека закрепнувањето на Гвардиол ќе трае околу четири месеци и дека тој ќе се врати на теренот кон средината на мај и ќе има доволно време да „влезе во форма“ пред да оди на Светското првенство.

Сепак, откако беше завршена операцијата, лекарите му кажаа дека процесот на закрепнување нема да оди толку брзо како што очекуваше и дека ќе трае најмалку пет месеци.

„Види Јошко, операцијата беше успешна, но закрепнувањето може да трае и до пет месеци“, е информацијата пренесена до Гвардиол.

Во најдобар случај, Гвардиол би можел да се врати на теренот на почетокот на јуни, што е последниот воз за него да оди на Светското првенство. Но, она што најмногу го плаши овој дефанзивец е тоа што дури и најмалиот можен проблем за време на закрепнувањето сигурно би значел дека ќе го пропушти тоа големо натпреварување, а тоа би бил огромен удар за Хрватска.

Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиол е разочаран од таквата прогноза бидејќи е свесен дека е речиси невозможно да биде во целосна форма за Светското првенство, но не сака толку лесно да се откаже.

Се вчитува...