Манчестер Сити и трет меч по ред мораше да се задоволи само со еден наместо со посакуваните три бода, а на Пеп Гвардиола му е јасно дека тоа сериозно ќе се одрази врз шансите за титулата.
Заостанувањето зад Арсенал е се поголемо откако Сити во два домашни меча за четири дена ремизираше 1-1 против Челси и Брајтон, а трофејниот стратег не крие дека жали за промашените шанси на Ерлинг Халанд во ззавршните дваесетина минути.
„Ако не победуваш на своите натпревар, немаш право да зборуваш за титула. Имавме одличен резултат против Нотингем Форест, потоа одигравме три добри меча во кои сум задоволен од се освен од ефикасноста. Брајтон играше добро, имаше свој моментум, но шансите што ние не ги реализиравме во финишот… тоа е нешто што моравме подобро да го направиме“, разочаран беше Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ сега заостануваат пет бода зад Арсенал, но имаат и меч повеќе ако се знае дека лидерот вечерва го игра својот дуел од 21. коло, на домашен терен против Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

