Гвардиола: Барам Клоп и Мурињо да ни се извинат

Манчестер сити, сепак, ќе може да игра во Лигата на шампионите, одлучи Спортскиот арбитражен суд. Таа одлука ја коментираа и тренерите на Ливерпил и Тотенхем, Јирген Клоп и Жозе Мурињо.

Клоп истакна дека е среќен поради тоа што Сити доби дозвола за настап на европските натпревари затоа што тоа е добро за Ливерпул.

„Среќен сум поради тоа што Сити следната сезона ќе игра во ЛШ. Да имаат 10 или 12 натпревари помалку во сезоната, никој во Премиер-лигата нема да има шанси од нив да помисли на титулата“ – рече Клоп.

Мурињо, пак, беше далеку подиректен…

„Ако Сити не е виновен а беше казнет од УЕФА со неколку милиони тогаш тоа е срамно. Ако не си виновен, не треба да бидеш казнет. А, ако си виновен тогаш треба да бидеш исфрлен. Срамна одлука, катастрофа. Не велам дека Сити е виновен, но ако не е тогаш не треба ниту да има парична казна“ – рече Мурињо.

А, Гвардиола и од двајцата побара извинување…

„Треба да ни се извинат. Да погрешевме ќе ја прифатевме одлуката од УЕФА. Не очекувам дека ќе не бранат Ливерпул, Тотенхем, Арсенал или Челси, но имаме право да се браниме самите себе кога вистината е на наша страна. Неверојатно сум среќен поради одлуката. Тоа докажува дека не е вистина тоа што луѓето зборуваа за нашиот клуб. Тоа што го освоивме на терен, ќе го браниме на терен“ – истакна Гвардиола.

Се вчитува...