Гвардиола: Чаби Алонсо ќе биде врвен тренер, убеден сум во тоа!

Чаби Алонсо продолжува да добива комплименти од своите поранешни соиграчи и тренери, откако шпанскиот ас најави дека по завршувањето на сезонава ќе ја заврши својата професионална кариера. Последниот што јавно го пофали Чаби е Пеп Гвардиола, кој имаше беспрекорна двогодишна соработка со овој фудбалер додека беше тренер на Баерн Минхен. Кај трофејниот стратег нема никаков сомнеж дека Алонсо ќе му се врати на фудбалот како тренер, како и дека ќе биде многу успешен во новата улога.

Чаби е еден од најдобрите фудбалери со кои сум имал можност да соработувам, пресреќен сум што имав можност да му бидам тренер во Баерн Минхен. Тој ќе биде тренер, и тоа врвен, кога и да реши да ја почне таа кариера, убеден сум во тоа. Станува збор за начинот на кој го гледа фудбалот, на кој го разбира овој спорт, затоа и сите тренери кои работеле со него толку многу го почитуваат, бидејќи е играч кој тивко доминира на теренот“ – истакна Гвардиола.

Се вчитува...