Гвардиола: Да се напаѓаат две линии по пет играчи ќе биде тешко и за 100.000 години

Манчестер Сити успеа да го совлада составот на Атлетико Мадрид на „Етихад“ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со 1-0. Во првите 45. минути немаше удари кон двата гола, а „бункерот“ на гостите успеа да го скрши Кевин Де Брујне во 70. минута од мечот.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола на интересен начин го прокоментира „паркираниот автобус“ пред голот на Облак.

„Почувствувавме дека ќе играат со формација 5-3-2. Потоа го ставија Гризман далеку на десната страна, Феликс на левата и ја претворија формацијата во одбранбени 5-5-0. Две одбранбени линии со по пет играчи. Денеска или за 100 илјади години да се напаѓа на две линии по пет играчи е тешко. Нема простор, борбени се и одлично се брнат. На полувремето им реков на играчите дека добро играат и да не се грижат. Голот добро ни дојде“, рече Гвардиола.

Се вчитува...