Гвардиола: Да заборавиме на историјата, ова е фудбал и се игра 11 на 11

Манчестер Сити во изминатите години доминира на англиската фудбалска сцена, но тимот на Пеп Гвардиола не успева да го направи клучноит чекор кога станува збор за Лигата на Шампионите. „Граѓаните“ лани го играа своето прво финале губејќи од Челси со 1-0, а сезонава се на чекор до повторување на тој успех, но на патот им стои најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

Пеп Гвардиола и како тренер на Барселона и како предводник на Баерн Минхен создаде силно ривалство со „кралевите“, тренд што го продолжува и на клупата на Манчестер Сити. Каталонскиот стратег пред две години ги елиминираше „кралевите“, но предупредува дека нема да биде нималку лесно тој успех да се повтори на претстојните два меча со Реал, од кој првиот се игра вечерва на „Етихад“ во Манчестер“.

Тој им порача на своите фудбалери дека мора да бидат на висина на задачата бидејќи пласманот во финалето ќе го обезбедат играчите на теренот, а на тренерите со своите тактички замисли.

„Сите знаат кој е Реал Мадрид, дека има 13 европски титули во историјата. Сепак, ние нема да се бориме со нивната историја, фудбалот е игра во која се излегува на терен и се натпреваруваат по 11 играчи на двете страни. Затоа нашите фудбалери мора да бидат на висина на задачата, да излезат и да сторат се за да победат, бидејќи пласманот во финалето ќе го осигураат играчите, а не јас или Карло Анчелоти од клупата“, изјави Гвардиола.

Стратегот на Сити се соочува со проблеми со одбраната бидејќи Кансело е суспендиран, додека е неизвесен настапот на Стоунс и на Вокер.

Се вчитува...