Гвардиола далеку пред ривалите во трката по Де Јонг

Френки де Јонг својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер сити, откако актуелниот првак на Премиер-лигата начелно ги договорил сите детали од овој мега-трансфер. Интерес за услугите на Де Јонг во последните шест месеци искажуваа бројни европски гиганти, но Манчестер сити е првиот клуб што се согласи да плати 70 милиони евра за овој суперталентиран 21-годишен играч за врска.

Пеп Гвардиола е свесен дека позицијата последен играч за врска е најпроблематична во неговиот тим, каде како „деструктивец“ го има единствено Фернандињо, кој пред крајот на сезонава ќе наполни 34 години. Тој ја загуби трката по Жоргињо од Челси во текот на летниот преоден рок и не сака да ја повтори грешката, па токму трофејниот стратег инситира трансферот да биде комплетиран до крајот на годинава, без оглед што Де Јонг би пристигнал во Манчестер дури откако сезоната ќе заврши.

Ајакс преговара и за продажбата на уште еден „бисер“, дефанзивецот Де Лигт, кој е најблизу до преселба во Барселона.

Се вчитува...