Гвардиола: Еднаш и ние ќе се пласираме во тоа проклето полуфинале…

Манчестер сити ниту оваа сезона нема да го почувствува финалето од ЛШ. Најбогатиот клуб во светот е елиминиран во четвртфиналето по поразот од Лион со 1-3.

„Еден ден и ние ќе ја прескокнеме оваа бариера и ќе се избориме за тоа толку посакувано проклето полуфинале. Одигравме лошо прво полувреме, а во второто бевме подобри. Судењето? Не сакам да коментирам затоа што ќе биде дека барам оправдување. Направивме грешки и поради тоа сме елиминирани. Разочарани сме, и одиме на одмор“ – истакна Гвардиола, осврнувајќи се и на неверојатното промашување на Стерлинг при 1-2.

„Тука мора да се постигне гол. Тоа е гол за продолженија. Штета, создадовме повеќе шанси и имавме повеќе удари кон противничкиот гол. Но, тоа е фудбалот“.

Се вчитува...