Гвардиола ем загуби, ем остана без Де Бруине

Манчестер Сити загуби од Челси во полуфиналето од ФА Купот, по што стана јасно дека „граѓаните“ нема да успеат да стигнат до четири трофеи во една сезона. Пеп Гвардиола покрај од конечниот резултат има причина за загриженост и поради повредата на Кевин де Бруине, по која Сити ќе остане без својот најдобар фудбалер во клучниот дел од сезоната.

Белгискиот плејмејкер беше стартер на денешното полуфинале, но настрада при еден дуел со Нголо Канте, без воопшто да има контакт со противничкиот фудбалер. Тој се обиде да продолжи, но стана очигледно дека не е способен за такво нешто, па мораше да биде заменет.

Деталните прегледи ќе покажат колку долго Гвардиола ќе мора да се снаоѓа вез својот лидер на теренот, но речиси сигурно е дека Де Бруине ќе го пропушти финалето од Лига-купот на Англија против Тотенхем закажано за следниот викенд, како и првото полуфинале од Лигата на Шампионите против ПСЖ.

Се вчитува...