Манчестер сити загуби од Борусија Дортмунд со 1-0 во првата контролна средба за време на Интернационалниот куп на шампионите во Чикаго.
Пеп Гвардиола не беше многу среќен со начинот на кој играле Германците, грубо, дрско и несоодветно како за прв подготвителен меч.
„Загрижен сум од таквиот начин на игра. Се обидовме да играме, но беа премногу груби. Поради тоа постои судија на терено, но и тој нешто го немаше никаде. Таква груба игра на прв подготвителен меч никому не треба. Нема потреба уште на старт од подготовки да останеме без фудбалер поради повреда на тест дуел. Тоа е смешно“ – рече Гвардиола по синоќешниот натпревар со Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА