Гвардиола ги измеша работите – Ковачиќ наместо во Челси може да заврши во Сити!

Манчестер сити во последен момент може да му ја расипе работата на Челси и да им го „украде“ Матео Ковачиќ. Иако беше речиси сигурно дека Реал Мадрид ќе го испрати Хрватот на позајмица во Челси, на послчедниот ден од преодниот рок во Англија, наводно во целата работа се вклучил и Пеп Гвардиола.

Според информациите што се вртат во британските медиуми, Манчестер Сити веќе подолго време го следи Ковачиќ како едно од потенцијалните решенија за проблемот на Гвардиола во средниот ред. Гвардиола бара искусен играч од светска класа што ќе му ја олесни работата на Фернандињо, а Ковачиќ се вклопува во тој профил. Сознанијата велат дека и Хрватот ако може да бира меѓу двата клуба, тогаш сигурно ќе го одбере Сити.

„Челси може само да се надева дека Сити нема да испрати понуда, бидејќи ако може да бира, Ковачиќ сигурно ќе го избере тимот на Пеп Гвардиола“ – најавуваат на Островот.

Конечната разврска од оваа фудбалска трансфер сага, секако ќе биде позната за многу кратко време бидејќи продниот рок во Англија завршува утре во 18 часот.

Се вчитува...