Гвардиола: Ги загубив сите килограми кои ги добив за Божиќ, сега повторно сум во форма

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа со 1-2 на гостински терен против Нотингем Форест

По скромно прво полувреме, Сити поведе во второто полувреме со голот на Рејндерс во 48.минута, Нотингем израмни во 54. преку Хачинсон, а Рајан Черки, кој асистираше за првиот гол, им ја донесе победата на „граѓаните“ во 83. минута.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола се пошегува по натпреварот за својот изглед.

„Ги изгубив сите килограми што ги добив за време на божиќните празници, сега сум повторно во форма. Шон Дајш одлично ја постави играта на Форест и затоа тоа се големи три бода за нас“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...