Лирој Сане нема да се најде ниту на клупата за резерви на утрешниот дуел меѓу Манчестер сити и Њукасл, откако Пеп Гвардиола решил на ваков начин да го санкционира незалагањето на Германецот на тренинзите на англискиот првак.
Британските медиуми информираат дека Сане не е повреден, но не само што нема да биде стартер, туку за него ќе нема место ниту меѓу резервите на Сити. Германскиот крилен офанзивец не беше стартер на ниту еден натпревар сезонава, а Гвардиола е разочаран од неговиот пристап на тренинзите уште од самиот почеток на подготвителниот период.
Очигледно е дека отсуството на Сане од списокот на Германија за СП 2018 оставило трага врз овој талентиран фудбалер, но Гвардиола не толерира недисциплина, особено во ситуација кога трофејниот стратег има толку многу врвни играчи на располагање во Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА