Гвардиола го сака Давид Алаба на „Етихад“

Манчестер Сити оваа сезона потклекна на шампионскиот пат во Премиер – лигата, бодовно премногу заостана зад Ливерпул, а откако Пеп Гвардиола најави дека ќе остане на „Етихад“ веќе крои планови и за засилувањата што треба да пристигнат во летниот преоден рок. Најверојатно Лирој Сане ќе се врати во Германија и ќе го облече дресот на Баерн Минхен, но и Гвардиола посакува еден фудбалер од „Алијанц арена“.

Австрискиот интернационалец Давид Алаба е желбата на шпанскиот стратег и треба да ја пополни левата бековска позиција. Тој дел од тимот испадна најпроблематичен изминатава сезона во составот на „граѓаните“ и Гвардиола сака да го реши со Алаба. Неговите квалитети многу добро ги познава од периодот кога го предводеше германскиот првак. Договорот на Алаба со Баерн Минхен има важност до 2021 година и клубот ќе мора да го продаде доколку сака и да заработи од неговото заминување.

 

 

Се вчитува...