Гвардиола го сака Иско во Манчестер Сити како замена за Давид Силва

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити бара адекватно решение за средниот ред со оглед дека по завршувањето на сезоната од „Етихад“ ќе си замине Давид Силва. По цела деценија во составот на „граѓаните“ тој најверојатно ќе се врати во Валенсија, а менаџерот Пеп Гвардиола размислува неговиот наследник повторно да биде од Шпанија.

Иско Аларкон, фудбалерот на Реал Мадрид, е желбата на Гвардиола за засилување во линијата за врска. Тој е одличен креативец и Гвардиола смета дека би можел да се вклопи во играта на тимот.

Иако има договор со „кралскиот клуб“ до јуни 2022 година, но Манчестер Сити е подготвен да плати 35 милиони евра за да го доведе во летниот преоден рок.

Се вчитува...