Гвардиола го сака Милан Шкрињар на „Етихад“

Англискиот првак Манчестер Сити ќе се обиде и оваа сезона да ја одбрани шампионската титула во Премиер – лигата, а жестоката конкуренција го тера менаџерот Пеп Гвардиола постојано да размислува за нови засилувања. Тој е релативно задоволен како функционира навалната линија во тимот, но затоа постојано купува нови дефанзивци барајќи го најдоброто решение за бедемот пред голот на Едерсон.

Најновата идеја на Гвардиола е Милан Шкрињар, одбранбениот фудбалер на Интер. Тој би сакал да го доведе Словакот во зимскиот преоден рок, а подготвен е да плати 80 милиони евра. Сепак, тоа нема да биде лесна мисија затоа што и Интер има шампионски амбиции во Серија А.

Шкрињар неодамна потпиша нов договор со Интер кој треба да го задржи на „Џузепе Меаца“ до 2023 година.

Се вчитува...