Англискиот првак Манчестер сити сака да го засили својот тим за претстојната сезона со Миралем Пјаниќ. Преговорите лично ги води менаџерот Пеп Гвардиола, кој го посакува одличниот играч за врска на Јувентус во редовите на „граѓаните“. Раководството на Сити подготвува понуда вредна 80 милиони евра, која со дополнителни бонуси може да достигне и до 100 милиони евра. Тоа е сумата што „старата дама“ ја плати за мегатрансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Торино.
Сепак, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не сака ниту да слушне да го загуби Пјаниќ ова лето. Тој е една од важните алки во тимот во маневарот.
Покрај Манчестер сити, за Миралем Пјаниќ се заинтересирани и Барселона и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА