Манчестер Сити славеше со минимални 0-1 на гостувањето против Брентфорд, меч што ќе остане запаметен како јубилејна 250. победа на Пеп Гвардиола во Премиер-лигата.
Каталонскиот стратег освои се што можеше да се освои со Сити, а со овој триумф го урна рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон за најбрзи 250 победи во елитното англиско фудбалско друштво.
Имено, Гвардиола стига до оваа бројка за само 349 натпревари, значително побрзо од Фергусон кому му требаа 404 меча за да стигне до ова остварување. За споредба, трет на листата е легендарниот Арсен Венгер кому за 250 победи во Премиер-лигата му беа потребни 423 средби на чело на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

