Гвардиола и Чави, дрим-тим на клупата на ПСЖ?

Томас Тухел на крајот од сезонава ќе си замине од клупата на ПСЖ и најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен, а раководството на „светците“ има амбициозен план – на клупата од јули 2020 година да ги донесе Пеп Гвардиола и Чави.

Двајцата имаа беспрекорна соработка додека Чави настапуваше за Гвардиола во дресот на Барселона, а водечките луѓе на ПСЖ веруваат дека тие би биде идеален тандем за атак на европската круна. Гвардиола би можел да си замине од Манчестер Сити на крајот од сезонава, додека Чави се наоѓа пред заминување од Ал Сад, со што се отвора простор за двајцата каталонски стратези летово да се преселат во Париз.

Планот е јасен, со Пеп како врвно тренерско име да се убеди и Нејмар да остане во ПСЖ заедно со Мбапе, Ди Марија и со Мауро Икарди (чиј договор со Интер ќе биде откупен во текот на сезонава). Со таков тим на терен, но и со Гвардиола и Чави на клупата, „светците“ дефинитивно ќе бидат уште посериозни конкуренти во походот кон трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...