Гвардиола и Сити не се шегуваат, мега-понуда за Кејн

Манчестер Сити испрати конкретна понуда до Тотенхем за Хари Кејн. Челниците од клубот на Манчестер му понудиле на Тотенхем 100 милиони фунти за да го откупат договорот на одличниот напаѓач. Покрај тоа, Сити е отворен и за можноста покрај пари да понуди на Тотенхем и некои од своите играчи.

Според „Скај Спорт“, се очекува дека Тотенхем треба да ја одбие понудата, но раководството на лондонскиот клуб ќе почека да заврши ЕВРО 2020, да разговара повторно со голгетерот и да се обиде да го убеди да остане уште една година.

Пред крајот на сезоната, Кејн и порача на управата на клубот дека сака да си замине, јасно е дека тој сака да остане во Премиер лигата, но исто така е јасно дека сега е фокусиран на работата што го чека со националниот тим на Европско првенство.

Се вчитува...