Гвардиола има една желба за јануари

Пеп Гвардиола беше многу тивок во летниот преоден рок доведувајќи го само Ријад Марез како засилување за шампионскиот состав на Манчестер сити. Сепак, трофејниот стручњак има во план да доведе уште еден врвен фудбалер во текот на јануарскиот преоден рок, а според весникот „Сан“ веќе се познати и детали од теој трансфер.

Станува збор за Рубен Невеш, млад и суперталентиран ас на Вулверхемптон. За Невеш до пред неколку години како член на Порто се интересираа бројни европски гиганти, но тој реши да му се приклучи на проектот на супер-агентот Жорге Мендеш и потпиша за „вулвс“. Откако му помогна на овој тим да влезе во Премиер-лигата, Невеш сега е подготвен за уште еден чекор напред во својата кариера.

„Сан“ тврди дека веќе е постигнат и начелен договор, трансферот да изнесува 60 милиони фунти. Гвардиола настојува се да биде договорено и потпишано однапред, откако летово во последен момент извиси и остаана без Жоргињо, кој се пресели во Челси.

Се вчитува...