Трофејниот тренер и еден од најдобрите во моментов Пеп Гвардиола, нема да биде селектор на Италија, потврдија неколку извори во земјата.
Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Баерн Минхен и Барселона ја одбил понудата од легендарните Паоло Малдини и Леонардо, кои беа на лична средба со него.
„Ви благодарам, ова е чест за мене, но во овој момент не го чувствувам тоа“, им рекол наводно Гвардиола на челниците на Италијанската фудбалска федерација.
Главната причина наводно била тоа што Шпанецот сака да направи пауза и да се фокусира на своето семејство, а не парите како што претпоставуваа некои. Наводно понудата била 10 милиони евра годишно, додека Пеп барал 20 милиони, но тоа не е потврдено.
Сега Италија се врти кон втората варијанта, тоа е Карло Анчелоти, меѓутоа тој има веќе ангажман со Бразил, додека третата варијанта и најреална е Андреа Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
