Гвардиола ќе ’пазари’ од Спортинг Лисабон: Карвалјо и Мартинс во Сити за 80 милиони фунти

Манчестер сити е на прагот да избори пласман во Лигата на шампионите, но менаџерот Пеп Гвардиола не е среќен што прва сезона во неговата тренерска кариера ќе остане без освоен трофеј. Токму затоа сака да доведе неколку засилувања во тимот за следната сезона, за да атакува на шампионската титула во Премиер – лигата.

Гвардиола е решен да пазари во Португалија, и тоа од Спортинг Лисабон. Подготвен е да плати дури 80 милиони фунти за двајца фудбалери, Вилијам Карвалјо и Желсон Мартинс.

Карвалјо е дефанзивен играч за врска, физички надмоќен, со одличен преглед на играта. Тој подолг период е цел на европските гиганти, но досега Спортинг Лисабон одолеваше на понудите за него. Желсон Мартинс е крилен играч, еден од најталентираните млади фудбалери во Португалија, и би бил одлично дополнување за Стерлинг и Сане во составот на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...