Гвардиола, Клоп и Мурињо ќе добиваат жолти и црвени картони

Менаџерите на клубовите во сите четирите највисоки фудбалски конкурнеции во Англија ќе добиваат жолти и црвени картони за несоодветно однесување покрај аут линијата за време на натпревеварите. Санкциите ќе бидат за недолични коментари и гестикулации кон судиите, за користење несоодветен говор како и за фрлање и за шутурање шишиња.

Ова правило кое ја вклучува и Премиер-лигата е дел од новата дисциплинска шема чија цел е да се поправи однесувањето кај предводниците на клубовите.

Според новата пилот програма оваа пракса ќе се користи во Чемпионшип дизивијата, во Лига еден, во Лига два како и во куповите во Англија. На Премиерлигашките менаџери, судиите нема физички да им ги покажуваат картоните, туку тие ќе ги добиваат како вербални опемени. Но, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо на пример, нема да бидат пошетедени од картоните кога нивните екипи ќе се натпреваруваат во ФА Купот.

Се вчитува...