Гвардиола „крена раце“ од титулата: Шест бодови се многу со оглед на перфомансите на Арсенал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, дава изјава за медиумите пред утрешниот натпревар од Премиер лигата на домашен терен против Фулам. „Граѓаните“ драматично победија со 2-1 на гостински терен кај Ливерпул и остануваат шест бода зад лидерот Арсенал.

И покрај тоа што таа победа го остави во игра неговиот тим во битката за трофејот во Премиерлигата, сепак, Шпанецот смета дека бодовната разлика е голема со оглед на игрите кои ги прикажува Арсенал.

„Разликата од шест бодови не е многу, но со оглед на перформансите на Арсенал, бодовната разлика е голема. Следниот меч го играме против Фулам, кој е се подобар и подобар. Ќе видиме“, рече Гвардиола.

„Разбирам колку е добро да се зборува за разлика во бодови. Нема ништо лошо во тоа, но не станува збор за освојување на титули или обид да се приближиме до титулата“, смета Гвардиола.

Се вчитува...