Гвардиола: Ливерпул секогаш ќе биде фаворит за титула!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не штеди пофални зборови за својот следен ривал, екипата на Ливерпул со која се соочува денеска од 13:30 часот во Премиер лигата.

Најпрво Јирген Клоп вчера истакна дека Сити дефинитивно ќе се бори за титулата откако потрошија повеќе од 200 милиони фунти на засилувања, а сега Пеп возврати со пофалбите.

„Се разбира дека ќе биде тешко со Ливерпул. Тие секогаш се кандидати за титула, и така е сега и засекогаш во иднина. Ливерпул и Јунајтед се најуспешните клубови во Англија и во Европа, дури и покрај тоа што ‘црвените’ долго не освоиле титула“ – истакна Гвардиола.

Ливерпул последен пат шампион на Англија беше пред 27 години.

Се вчитува...