Гвардиола лут на челниците на Сити: Договорил трансфер од кој тие се откажуваат!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е лут на раководството на клубот затоа што не успеало да го доведе младиот фудбалер на холандски Ајакс, Френки де Јонг.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер сити се одлучил да се повлече од трката за Де Јонг поради високите суми кои ги нудат другите клубови. ПСЖ е најблиску до негов трансфер нудејќи сума од 75 милиони евра, но и Барселона не се откажува од трката.

Како што пренесува „Мирор“, Гвардиола е бесен на раководоството затоа што тој лично имал таен состанок со младиот фудбалер на кој го договорил доаѓањето во Сити. Но, раководството сега се одлучи да се повлече од трката поради финансискиот фер-плеј, што и тоа како го налутило каталонскиот тренер.

Челниците на актуелниот шампион на Англија претходно пропуштија да ги донесат и Алексис Санчез и Фред кои завршија кај ривалите Манчестер јунајтед и Челси.

Се вчитува...