Гвардиола: Манчестер Сити не е Реал Мадрид па да освои три, четири титули во ЛШ

Манчестер Сити походот по првиот трофеј во Лигата на Шампиони го продолжува денеска од 21 часот во Германија со осминафиналниот натпревар против Лајпциг.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола во пресрет на натпреварот говореше и за предизвикот на теренот, но и за самиот себе, за очекувањата и желбата да се освои „ушкото“ со Манчестер Сити. Како што вели Шпанецот, тоа е тежок предизвик, освен ако не си Реал Мадрид.

„Да ја завршам тренерската кариера утре, ќе бидам среќен со тоа што го направив во Барселона, Баерн Минхен и Сити. Не очекував дека ќе имам ваква кариера, не само за успехот кој го направив во 13, 14 години, туку поради начинот на кој моите екипи играа. Не можам да барам повеќе. Сакам да дадам се од себе, а што биде нека биде. Не сакам да се преоптеретувам бидејќи секогаш имам чувство како да ќе погрешам. Затоа уживам и се забавувам.

Не сакам да бидам под притисок. Благословен сум што сум во Сити. Никогаш не мислев дека мора да освоиме се или да имаме три, четири трофеи во Лигата на Шампиони. Освен ако не си Реал, не можеш да дојдеш до тоа. Последните две години бевме блиску, сега повторно ќе се обидеме да го освоиме трофејот“, вели Гвардиола.

Се вчитува...