Гвардиола: Мбапе во Манчестер Сити? Сите знаеме каде ќе заврши…

Килијан Мбапе одбива да ја активира опцијата за продолжување на соработката со ПСЖ и по сезоната 2023/24 што предизвика голем интерес во јавноста за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Дел од гласините го сместија во Манчстер Сити, но предводникот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола ја отфрли оваа можност.

„Мбапе нема да потпише за нас, нема да му се приклучи на Манчестер Сити. Сите вие знаете каде тој сака да премине“, вели Гвардиола.

Младиот француски голгетер не ја крие желбата да настапи за Реал Мадрид. Тој веќе имаше и можност за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, но се одлучи за продолжување на соработката со ПСЖ. Во меѓувреме првакот на Франција се соочи со големи внатрешни проблеми, замина и Лео Меси па јасно е од каде доаѓа незадоволството на 24-годишникот.

Се вчитува...