Пеп Гвардииола веќе еднаш се повлече од фудбалот, иако само на една година. Имаше 41 година и, по четири незаборавни сезони на клупата на Барселона, одлучи да отпатува во Америка и да им се посвети на семејството, на себеси и на личното усовршување.
Една година подоцна се врати како тренер на Баерн Минхен. Оттогаш не застанал. По три сезони во Минхен, следеше цела деценија во Манчестер.
Логично е што фудбалскиот свет се прашува кој ќе биде следниот потег на Пеп. Дали ќе преземе некој клуб или репрезентација, дали воопшто ќе се врати како тренер или не очекува нова пауза… Судејќи според последната изјава на еден од најголемите фудбалски умови на сите времиња, не очекува нова пауза.
„Ментално, не ми недостасува ништо. Ја почнав тренерската кариера на 37-годишна возраст и целиот мој живот е поврзан со фудбалот. Сега сакам да го откријам животот надвор од фудбалот, да бидам среќен правејќи работи што немаат никаква врска со овој спорт. Ја сакам својата работа, но доаѓа момент кога чувствуваш дека мораш да застанеш. Можеби еден ден ќе се разбудам и ќе кажам: ‘Добро, сакам повторно да бидам тренер’. Но, таа желба мора да дојде одвнатре, а денес едноставно не ја чувствувам“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
