Гвардиола му одржа лекција на својот играч: Имам повеќе искуство од него, тој не е во право!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Олександар Зинченко денес даде анализа и коментар за Манчестер Сити, пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах, па тој укажа дека неговиот тим сака да ги освои сите натпреварувања на кои учествува.

Сити го доби првиот натпревар со 2-0, а како и првиот, така и реваншот ќе се игра во Будимпешта поради ограничувања на патувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот, додека условен домаќин ќе биде англискиот тим.

“Сè уште сме во сите натпреварувања и сакаме да се обидеме да освоиме сè. Тоа значи дека мора да бидеме најдобри на секој натпревар, а во оваа фаза од Лигата на шампионите секогаш има тешки натпревари”, рече Зинченко.

Фудбалерите на Сити се на првото место во Премиер лигата со 14 бода повеќе од второпласираниот градски ривал Јунајтед, тие обезбедија финале во Лига купот, а се наоѓаат и во четвртфиналето на ФА купот. Англиските медиуми објавија интересен податок кој вели дека ниту еден англиски клуб не успеал досега да ги освои сите четири титули во една сезона.

“Никој претходно нема освоено четири титули и мислам дека тоа нема да се случи и оваа сезона. Единствено за што треба да размислуваме е овој натпревар, а потоа и оној со Евертон. Јас сум постар од Зинченко, имам повеќе искуство и не се согласувам со него. Тој единствено треба да се грижи за натпреварот во Лигата на шампиони, од него се очекува да одигра добро и да даде придонес за пласман на Сити во следната фаза”, изјави тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Се вчитува...