Гвардиола не го „улови“ Ван Дајк, ќе се обиде со Умтити

Пеп Гвардиола не го доби посакуваното засилување, Вирџил Ван Дајк го одбра Ливерпул, па сега шпанскиот стратег ќе се обиде да ја наполни касата на својот поранешен клуб. Гвардиола се насочи кон дефанзивецот Самуел Умтити од Барселона чија клаузула изнесува 60 милиони евра, а ќе притиска силно за неговиот потпис откако одново остана без Винсен Компани кој се повреди.

Холанѓанецот стана најскапиот стопер во историјата со преселбата на „Енфилд“ вредна 85 милиони евра и ги помести границите на пазарот, Сити без проблем ќе ја исплати клаузулата на Умтити од 60 милиони евра. Сепак, се појави конкуренција за неговите услуги од соседството, Мурињо и Јунајтед исто така се интересираат за францускиот репрезентативец.

Знаејќи дека 60 милиони евра и не се некоја голема сума, раководството на каталонскиот гигант веќе работи на обновување на соработката, како што најавува „Дон балон“ се очекува да му понудат нов договор на Умтити во најкоро време.

Се вчитува...