Пеп Гвардиола беше презадоволен од изданието на својот тим при победата од 6-1 над Хадерсфилд. Трофејниот стратег главните комплименти ги упати на адреса на Кун Агуеро, кој одигра фантастичен натпревар крунисан со хет-трик.
„Задоволен сум од трите бода и од начинот на кој игравме. Ја почнавме сезоната подобро од ланската, одлично ја одработевме работата во теекот на сите 90 минути. Првиот гол беше фантастичен, додавањето на Едерсон неверојатно, контролата на Агуеро прекрасна. Го немам видео Агуеро во вакво издание откако сум дојден во Сити. Фантастично е подготвен, игра одлично и со топка и без топка. Ги заслужи овациите од трибините што ги доби при излегувањето од игра“ – истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА