Гвардиола не запира: Филипс од Лидс, трето засилување на Манчестер Сити

Манчестер Сити обезбеди уште едно големо засилување за наредната сезона, договарајќи го трансферот на Калвин Филипс од редовите на Лидс Јунајтед. „Граѓаните“ понудиле 42 милиони фунти за англискиот репрезентативец, сума што Лидс ја прифати, давајќи зелено светло за Филипс да ги договори личните услови и да се пресели во Манчестер.

Филипс е „командант“ на средниот ред на Лидс Јунајтед, а овој фудбалер се наметна и со одлични игри за англиската репрезентација на последниот европски шампионат. Токму по тоа големо натпреварување за услугите на Филипс се интересираа Манчестер Јунајтед и Арсенал, тој минатото лето реши да остане лојален на Лидс, но се очекува овојпат да ја прифати понудата на Сити и да го реализира својот трансфер од соништата.

Филипс е трето засилување на „граѓаните“ во овој преоден рок, по голгетерите Алварез од Ривер плејт и Халанд од Борусија Дортмунд. Приоритет за Гвардиола до крајот на овој преоден рок ќе биде ангажман на нов лев бек, а на врвот на листата со желби се наоѓа Кукурелја од Брајтон.

Се вчитува...