Гвардиола: Никогаш нема да платиме 200 милиони фунти за Мбапе

Пеп Гвардиола експресно ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека Манчестер сити е подготвен да плати 200 милиони фунти за да го доведе Килијан Мбапе во своите редови. Францускиот ас е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, но воопшто не е дел од плановите на Гвардиола за претстојните преодни рокови во Европа.

„Јас секогаш последен ги дознавам овие работи, дека сме сакале да го доведеме Килијан Мбапе. Информациите не само што не се точни, туку се навредливи за ПСЖ, па и за нас како клуб бидејќи знаеме како треба да течат тие преговори. Слободно можам да кажам дека тој нема да дојде, бидејќи Мбапе вреди многу пари, ПСЖ заслужува да добие богатство за него, но ние немаме намера да платиме толкава отштета за еден играч. Впрочем, во ПСЖ се горди што го имаат и сигурно нема да го продадат никому, без оглед колку ќе изнесува понудата“ – истакна Гвардиола.

Се вчитува...