Манчестер Сити се согласил да му плати на Розенборг 14,5 милиони евра за услугите на Свер Нипан (18), пишува Би-Би-Си, па овој суперталентиран играч за врска наскоро ќе дојде во Премиерлигата.
Нипон ќе биде петтото засилување на Сити ова лето, по пристигнувањето на левиот бек Рајан Аит-Нури (Вулверхемптон), офанзивниот играч за врска Рајан Черки (Лион), средниот бек Тијани Рејндерс (Милан) и голманот Маркус Бетинели (Челзи).
Нипан дебитираше за првиот тим на Розенборг на само 15 години, во изминатите две сезони неговото име стана познато и надвор од границите на Норвешка, беше прогласен за најдобар млад играч на својата земја во двете споменати сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА