Гвардиола остана без „мозокот на екипата“

Пеп Гвардиола се соочи со неочекуван проблем во пресрет на денешниот дуел со Динамо Загреб, откако Кевин де Бруине во последен момент отпадна од комбинација за настап против првакот на Хрватска.

Белгиецот заработил повреда во финишот од мечот со Евертон, во текот на вчерашниот ден не тренираше со тимот, а попладнево беше потврдено дека тој нема да се најде ниту на клупата за резерви против Динамо Загреб. Во следните денови ќе бидат извршени дополнителни прегледи, по што ќе се знае дали Де Бруине ќе може да настапи викендов на дуелот со Вулверхемптон.

Одличниот плејмејкер поради повреда пропушти голем дел од ланската сезона, но во почетните месеци повторно се наметна како лидер на тимот на Пеп Гвардиола и главен адут на каталонскиот стратег во атакот на трофеите.

Се вчитува...