Гвардиола останува „граѓанин“ до 2021 година

Пеп Гвардиола ќе се обиде да создаде сопствена шампионска династија во Премиер-лигата откако каталонскиот стратег денеска потпиша нов договор со Манчестер сити, со важност до 2021 година. „Граѓаните“ уште пред извесно време му понудија продолжување на соработката на својот стратег, но тој чекаше до завршувањето на сезоната за да се согласи на новиот договор.

Среќен сум овде, задоволство ми е да работам со волку талентирана екипа. Пред нас е период на напорна работа, да се обидеме да ги повториме успесите од сезонава, но и да играме уште подобро“ – изјави Гвардиола при потписот на договорот.

Во својата прва сезона во Премиер-лигата овој трофеен стратег остана без ниту еден пехар. Управата на Сити сепак му укажа доверба и тоа се исплатеше бидејќи сезоната „граѓаните“ експлодираа под водство на овој стручњак, стигнувајќи до титулата со 100 освоени бода во Премиер-лигата.

Се вчитува...