Гвардиола: Ова е одлично, но знам дека Клоп нема да се согласи

Со погодоците на Агуеро и Сане, Манчестер сити сосема заслужено дојде до триумф од 2-1 во дерби пресметката против Ливерпул со која бодовната разлика со „црвените“ сега ја намали на четири бода.

Притисокот беше на домашните фудбалери кои беа под импаративот – победа…

„За нас секој натпревар е финале. Знаевме дека битката за титула ќе биде завршена доколку не победиме. Триумфиравме, одигравме без грешка од првата до последната минута“ – вели Гвардиола.

Според стратегот на Сити, првенството во Англија од поодамна не било така интересно, а триумфот на Сити може да ги радува сите искрени љубители на фудбалот.

„Не се сеќавам дека вака тешко било некогаш. Има многу одлични тимови. Јунајтед се врати, Тотенхем е одличен а секако тука се Челси и Арсенал. Оваа наша победа е одлична за Премиер лигата, но сигурен сум дека Клоп нема да се согласи со тоа“ – вели Гвардиола.

Се вчитува...