Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека судијата требало да го признае голот на неговиот тим, а не да му додели црвен картон на Доминик Собослај во финишот на вчерашниот меч со Ливерпул.
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ливерпул на Енфилд со 1-2 во натпреварот од 25. коло од англиската Премиер лига. Ливерпул поведе со фантастичниот гол на Доминик Собослај од слободен удар во 74. минута, а Бернардо Силва во 84. и Ерлинг Халанд во 90+3. минута го донесоа пресвртот.
Во 90+10-тата минута Рајан Черки го постигна третиот гол, но тој беше поништен поради прекршок на Собослај врз Халанд, кој како резултат на тоа доби црвен картон.
„Зборуваме за здрав разум, нели? Колку повлекувања има во текот на играта каде што судиите ја испуштаат предноста? Само признај го голот, продолжи понатаму и остави го Собослај да игра“, рече Гвардиола.
This was such an insane decison!
Foul by Szobozlai
Then foul by Haaland
then GoalYou cant let it be goal coz Haaland subsequently fouled him
But then you must give a red coz he fouled him and therefore disallowed the goal https://t.co/kLT7C39d6w
— Wa Kanuthu (@Kaluluu) February 9, 2026
Потоа се осврна на сè што ги очекува „граѓаните“ во остатокот од сезоната.
„Сè што можеме да направиме е да им дишеме во врат на Арсенал, да бидеме таму и да се обидеме да ризикуваме ако направат грешка. Играме со нив дома, секако, мора да ги победиме. Којзнае дали шест бода се доволни, но 13 натпревари се многу. Доаѓа ФА Купот, исто така и финалето на Лига Купот, Лигата на шампионите се враќа во март и ќе се случат повреди. Има и други тимови кои се борат за своите цели, позиции што водат кон Европа или опстанок. Играњето против тимови кои се борат за опстанок значи дека ќе дадат се од себе за да преживеат. Значи, од искуство, 13 натпревари со многу, многу тежок период, но најважно е да се биде во трка“, рече Гврадиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

