Гвардиола реши да се коцка, Родри пак се повреди

Манчестер Сити лани беше исфрлен од ритам по тешката повреда на коленото на Родри, а шпанскиот играч за врска има сериозни проблеми и на стартот од оваа сезона, откако повторно се повреди на денешниот дуел со Брентфорд.

Шпанецот се жалеше на болка во коленото и не играше во ЛШ против Монако, Гвардиола во изјавата коментираше дека проблемот не е наивен, но трофејниот стратег неочекувано реши да се „коцка“ и го вклучи Родри во стартниот тим против Брентфорд.

Тоа се покажа како сосема погрешна одлука бидејќи Родри повторно се соочи со проблеми, па по дваесетина минути игра мораше да биде заменет.

Останува лекарските прегледи да покажат колку е сериозна новата повреда и кога Родри повторно ќе можеме да го видиме на фудбалските терени.

Се вчитува...