Гвардиола: Се надевам дека Меси ќе добие збогување на „Камп Ноу“ какво што заслужува

Лео Меси по крајот на сезоната заминува од ПСЖ, но која ќе биде неговата следна дестинација останува неодговорено прашање. Аргентинскиот ас преферира камбек во Барселона каде помина повеќе од 20 години, но финансиските потешкотии на каталонците може да го спречат неговото враќање на „Камп Ноу“.

Неговиот поранешен тренерот Пеп Гвардиола вели дека тој како легенда на Барселона заслужува да се врати во клубот и да се да добие збогување какво што заслужува легенда која освоила 34 трофеи.

„Ќе направи се за да се врати во Барселона. Меси е најголемиот играч на сите времиња. Во последните 10, 15 години Барселона без Меси немаше да доживее „бум“. Не говорам за бајки, туку за неговото влијание во играта, убавината, учинокот кој го даде, за се. 

Никогаш не помислив дека ќе заврши како што заврши. Верувам дека претседателот Лапорта го сака Меси, а кога замина рече дека Меси заслужува да добие збогување поради неговата важност. Лео му помогна на клубот да стане многу поголем отколку што беше пред да дојде.

Кога е човекот толку голем, мораше да се збогуваш со него на вистински начин. Замина поради тешките финансиски проблеми, поради илјадини причини во кои нема да навлегувам. Се надевам дека ќе дојде ден кога ќе бидам на своето место на Камп Ноу и ќе станам да го поздравам Лео како играч на Барса на начинот на кој тој тоа го заслужува“, вели шпанскиот стратег.

Се вчитува...