Гвардиола: Се надевам дека Меси може да игра

Трансферот на Лионел Меси во Пари Сен Жермен беше изненадување за сите, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, додавајќи дека очекува Аргентинецот да игра на натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите на дуелот меѓу Барса и Сити.

Меси се приклучи на ПСЖ во август кога ја напушти Барселона откако шпанскиот клуб, каде што ја помина целата кариера, не беше во можност да го финансира новиот договор за напаѓачот.

34-годишниот напаѓач претрпе удар во левото колено минатата недела, па поради тоа е под знак прашалник за дерби натпреварот со тимот предводен од Гвардиола, кој беше еден од неговите тренери во тимот на Барса.

„Тоа беше изненадување за сите, но она што се случи, се случи … Важно е дека тој е среќен во Париз. Неговата кариера е неве. Се надевам дека утре ќе може да игра”, изјави Пеп.

Моќниот напад на ПСЖ формиран од Меси, Нејмар и Килијан Мбапе претставува голема закана за одбраната на Сити.

„Не знам што ќе правам, ПСЖ има преголема количина на квалитет, не знам како да ги фудбалерите од нападот. Мора добро да се браниш без топка и да им дозволиш да трчаат кога ја имаме топката. Тие се исклучителни играчи, секој го знае тоа”, заклучи Пеп.

Се вчитува...