Гвардиола: Се соочуваме со големи проблеми, не знам што ќе се случи во следните неколку недели

Манечстер сити по трет пат во својата историја ќе игра во полуфиналето од Лигата на Шампионите откако по победата во Манчестер, ремизираше без голови против Атлетико Мадрид во главниот град на Шпанија.

Сепак пласманот во полуфиналето „граѓаните“ можат скапо да го платат со оглед на повредите и густиот распоред кој следи. Токму за тоа говореше и тренерот Пеп Гвардиола по завршување на тензичниот натпревар.

„Се соочуваме со големи проблеми. Не смееме да заборавиме дека игравме пред три дена, патувавме, стигнавме тука и имаме многу повредени играчи чиј број ќе се зголеми по овој натпревар. Не знам што ќе се случи во следните неколку недели, но денеска славиме бидејќи Сити трет пат во својата историја е во полуфиналето од Лигата на Шампионите“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити во следните шест недели го очекуваат 12 натпревари во Премиерлигата, Лигата на Шампионите и ФА Купот.

Се вчитува...